Димитријевиќ одличен, но Хувентуд повторно загуби

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го претрпеа и третиот пораз на четвртиот меч од завршниот турнир во Ендеса-лигата, капитулирајќи на дуелот против Тенерифе (80-82).

Македонскиот репрезентативец повторно одигра одличен натпревар, реализираше 16 поени за 22 минути игра, а поради пет лични грешки го напушти теренот на две минути до крајот. Тенерифе имаше целосна контрола над резултатот во завршницата, Хувентуд со серијата поени на Препелич се приближи на „минус два“ (80-82), но немаше сили за целосен пресврт.

Во последното коло од групата Хувентуд в четврток ќе се сретне со тимот на Басконија.

Се вчитува...