Уникс Казањ издвои нов триумф во ВТБ лигата славејќи во дерби натпреварот против Зенит со 88-75, натпревар кој беше значаен и за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој се соочи со поранешниот клуб каде достигна голема слава.
Овој пат македонскиот плејмејкер немаше свој ден па натпреварот го заврши со скормни четири поени реализирајќи само еден од 11 обиди од поле. Згора на тоа додаде и четири скокови и две асистенции.
Ова е шесттиот пораз за Зенит во пренството со кој останува на третата позиција на табелата зад ЦСКА Москва и Уникс Казањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

