Димитријевиќ останува уште една година во Хувентуд

Ненад Димитријевиќ ќе ја мине и следната сезона во дресот на Хувентуд, дури и доколку се случи да биде комплетиран неговиот трансфер во Валенсија. Ова го потврди спортскиот директор на Хувентуд, Жорди Марти, најавувајќи дека македонскиот плејмејкер ќе мине уште една година во Бадалона.

„Можам да кажам со 90% точност дека Димитријевиќ ќе продолжи да игра за нас“, изјави Марти за шпанските медиуми.

Проблемот е во тоа што договорот на Македонецот истекува за една година, а Хувентуд инсистира на негова продажба за да заработи на играчот во кој вложи откако на рана возраст го донесе во Бадалона. Валенсија делува како идеална опција бидејќи евролигашот ја има комплетирано плејмејкерската линија за наредната сезона, па е подготвен да го пушти Димитријевиќ назад во Хувентуд на едногодишна позајмица.

„Трансферот на Димитријевиќ во Валенсија е договорен, се чека само официјалниот потпис. Потоа, тој ќе се врати назад во Бадалона како позајмен играч“, најавуваат медиумите во Шпанија.

Се вчитува...