Димитријевиќ пак двоцифрен, Хувентуд прв во групата во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд триумфално ја завршија групната фаза од Еврокупот, откако во последното коло славеа на домашен терен над Бург со резултат 90-75. Oва беше осми триумф за тимот од Бадалона на десетте досегашни европски средби, со што Хувентуд заслужено го освои првото место во групата.

Димитријевиќ не беше дел од стартната петорка, но македонскиот репрезентативец сепак имаше значајна улога, минувајќи на теренот нецели 23 минути. Во овој период, Македонецот успеа да реализира 13 поени, надополнети со пет асистенции, два скока и една украдена топка.

Хувентуд настапи без помошта на повредениот Пау Рибас, а најефикасен беше Лопез Аростеги со 23 поени.

Екипата на Димитријевиќ за ривали во Топ 16 фазата ќе ги има Уникаха Малага, Монако и Нантер.

Се вчитува...