Ненад Димитријевиќ доби шанса повторно да заигра во Евролигата, а македонскиот плејмејкер одигра сосема добар меч за Баерн против Басконија ако се знае дека дебитираше за баварскиот гигант помалку од 48 часа по комплетирањето на трансферот од Зенит.
Димитријевиќ не го криеше задоволството од играта на тимот и големата победа, пед се благодарение на извонредниот Енди Обст кој го заврши мечот со рекордни 37 поени.
„Лани играв овде како гостин, секако дека чувството е подобро кога овие навивачи ти даваат поддршка како домаќин. Гледам напред кон иднината, секако дека сум среќен поради победата, ја кренавме агресивноста во второто полувреме, ги запревме нивните офанзивни скокови, а уште кога имате шутер како Обст… Не е ништо ново, колку е квалитетен и како игра, јас како плејмејкер сигурно ќе имам повеќе асистенции поради него. Тука сум кратко време, одржав само еден тренинг, ќе морам брзо да ги учам работите, но верувам дека ќе бидам уште подобар. Сакам да му помогнам на тимот, да внесам нова енергија, многу ми е важно што тренерот Пешиќ ми дава слобода“, изјави македонскиот ас во дресот на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

