Ненад Димитријевиќ го комплетираше трансферот од соништата, македонскиот плејмејкер по вчерашната разделба од Уникс Казањ денеска и официјално беше промовиран во ново засилување на Олимпија Милано, со што нашиот најдобар кошаркар од следната сезона ќе заигра во Евролигата.
Димитријевиќ беше главна фигура во ВТБ во последните две сезони, лани беше избран за МВП на финалната серија, а сезонава беше МВП на регуларниот дел од шампионатот, а Нено е мотивиран во сличен стил да продолжи и во новата средина.
„Навистина сум среќен што доаѓам во еден вака голем клуб. Благодарен сум и ентузијаст за големата шанса, да испишувам историја со клуб како Милано. Ќе помогнам што повеќе да победуваме, едвај чекам да почнеме“, гласи првата изјава на Ненад Димитријевиќ по потписот на договорот со Олимпија Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА