Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ се приклучи на иницијативите за помош на семејствата на повредените лица од страшната несреќа во Кочани.
Неколку повредени во текот на вчерашниот ден беа пренесени на лечење во Италија, а Димитријевиќ понуди помош за нивните најблиски при престојот на Апенинскиот полуостров.
„Префрлени се пациенти на лекување во Милано и Пиза – Италија. Доколку има луѓе Македонци или од балканот кои живеат во близина и се во можност да помогнат (воглавно со превод и со јазикот), Ве молам, да им пружиме помош на блиските на пациентите. Што и да треба во Милано, каква била помош, слободно исконтактирајте ме тука“, објави Нено Димитријевиќ на својот инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА