Димитријевиќ: Повредата не е сериозна… џабе моите поени кога го загубивме мечот

ЕКИПА во Клаипеда,

Стеван Цаневски

Ненад Димитријевиќ одигра извонреден натпревар, постигнувајќи 43 поени на гостувањето против Литванија, а токму по неговата повреда на шест минути до крајот дојде до целосен колапс во нашата игра, што резултираше со пораз од преубедливи 22 поени разлика.

Димитријевиќ и повреден се појави на прес-конференцијата по мечот, давајќи ја својата оценка за натпреварот во Клаипеда.

„Ова беше битка,мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа, беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43 поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо…“, изјави Димитријевиќ по натпреварот.

Се вчитува...