Димитријевиќ повторно фантастичен, донесе нова дерби-победа на Уникс

Ненад Димитријевиќ веќе е играч од највисока европска класа, па македонскиот репрезентативец по одличните настапи за националниот тим продолжи во идентичен ритам и во дресот на својот клуб Уникс Казањ. Денеска во ВТБ-лигата се играше реприза од ланското финале меѓу Уникс и Локомотив Кубан, меч што домаќините го добија со 70-66 токму благодарение на Димитријевиќ.

Избраниците на тренерот Перасовиќ предводени од нашиот плејмејкер одиграа извонредна прва четвртина што ја добија со 12 поени предност (24-12). Гостите успеаја да се вратат, во завршницата се влезе во неизвесна завршница, а токму тогаш Димитријевиќ ја презеде одговорноста. Македонскиот ас погоди кога беше најважно „два плус еден“, од еден кревајќи ја предноста на својот тим на четири поени, во следниот напад умешно асистираше до Рејнолдс за печат на победата на својот тим.

Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец на дербито постигнувајќи 23 поени со одличен шут (3/4 за тројка, 5/7 за два поени, 4/5 од слободни фрлања), како најдобра можна потврда дека актуелниот МВП од ланскиот плејоф повторно е најдобар кошаркар во ВТБ-лигата.

Се вчитува...