Кошаркарите на Армани Милано го совладаа тимот на Бреша во италијанскиот шампионат со 88-85. Македонскиот интернационале Нено Димитријевиќ повторно беше меѓу најдобрите во победничкиот тим.
Постигна 15 поени, а кога беше најпотребно, во последната четвртина презеде одговорност за на крајот триумф. Тој на крајот постигна 15 поени за 26 минути, колку што имаше и Шилдс, неговиот соиграч.
Во првите три четвртини Армани имаше контрола на резултатот, но и во поголемиот дел од последниот период. Сепак, противникот дојде до само еден поен разлика, но не и до крај да направат пресврт и да направат изненадување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА