Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжува да го води својот Уникс Казањ до нови победи во руската ВТБ лига. Актуелниот шампион денеска на домашен терен беше убедлив против Енисеј со 107-84.
Уште во првото полувреме Нено и соиграчите стартуваа силно и веќе на пауза имаа убедлива предност од 59-42. Во второто полувреме само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 107-84.
Димитријевиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим завршувајќи го мечот со 17 поени, надополнети со седум асистенции и три скока. Кај поразените Мартин Џеремаја постигна 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА