Димитријевиќ: Приказната за Партизан се изгаси…

Најдобриот македонски кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ, зборуваше во интервју за српските медиуми за својата кариера и очекувањата во сезоната.

Во текот на претходните сезони, Димитријевиќ често беше поврзуван со Партизан, а сега призна дека во еден момент и самиот размислувал за таква можност.

„Можеби првата година откако ја напуштив Валенсија, бев поемотивен во врска со тоа. Кога бев дете, го сакав Партизан и мислев дека би било убаво да го почувствувам и тој дел, дека не е само професионално, туку и емотивно. Но, потоа ништо не се случи. После тоа, приказната некако се изгаси и никогаш не пристигна конкретна понуда“, изјави Димитријевиќ. 

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Се вчитува...