Македонските кошаркарски репрезентативци, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли ќе играат во иста група во Еврокупот, откако денешната ждрепка одлучи Валенсија и Будуќност да бидат дел од Б сегментот во второто по ранг европско кошаркарско натпреварување.
И двајцата кошаркари ова лето ја променија средината, а ждрепката одлучи веднаш да се најдат во иста група. Димитријевиќ го напушти Хувентуд и се пресели во Валенсија, додека репрезентативниот центар го одбра Будуќност за своја нова средина.
Покрај овие два тима во Б сегментот се најдоа и Гран Канарија, Виртус Болоња, Цедевита Олимпија, Бурж, Улм, Бурсаспор, Венеција и Промиеас. Во А групата пак ќе играат Партизан, Литкабелис, Локомотив Кубањ, Андора, Хувентуд, Тренто, Метрополитанс, Турк Телеком, Хамбург и Шлонск.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА