Димитријевиќ разигруваше Уникс подобар од Енисеј

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ стигнаа до нова победа во руската ВТБ лига откако славеа на гостувањето кај Енисеј со 79-89 во натпревар од 15. коло.

Домаќините подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа предност од 22-16. Сепак, во продолжение големиот фаворит одигра далеку подобро и на крајот стигна до конечен триумф од 79-89.

Димитријевиќ немаше шутерски ден, откако мечот го заврши со само шест поени, но и не зеде многу шутеви, туку главна цел му беше да ги разигрува соиграчите, па така на крајот заврши со десет асистенции.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...