Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар предводејќи ја Македонија со 25 поени, но за жал тоа не беше доволно за да се стигне и до триумф на првиот меч со Естонија.
Без оглед на поразот, најдобриот македонски кошаркар е оптимист дека нашата селекција ќе успее да се врати до крајот на овој квалификациски циклус и да се бори за пласман на Евробаскет 2025.
„Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, но потоа загубивме сила во второто полувреме. Имаме и втор меч, имаме и уште други натпревари против Полска и Литванија така што ќе продолжиме со натпреварување. Сигурно нема да се откажеме. Создадовме добра енергија, квалитетно работевме во овој период и тоа ни дава верба дека можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари“, изјави Димитријевиќ.
Тој се осврна и на повредата што ја заработи во второто полувреме, по која Естонците успеаја да се одлепат и да стигнат до пбоедата.
„Силен грч, прв пат ми се случува оваа сезона, разочаран сум што мораше да ми се случи токму денеска. Искрено сум разочаран за она што се случи“, истакна Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА