Ненад Димитријевиќ конечно ги надмина проблемите со повредата што повеќе од еден месец го оддалечи од македонските кошаркари, па македонскиот плејмејкер на првиот меч по камбекот веднаш беше клучен играч во таборот на Зенит. „Сино-белите“ на домашен терен го совладаа тимот на МБА Москва со 83-69, дуел во кој во глава улога беше токму нашиот интернационалец.
Првото полувреме мина во израмнета борба во која гостите во долги периоди имаа и водство, а на одмор се замина со 41-40 за Зенит. Во второто полувреме работите во свои раце ги презеде токму Димитријевиќ, кој нанижа 16 поени и ја стартуваше серијата со која неговиот тим се одлепи и го трасираше патот до двоцифрената победа.
Македонецот го заврши мечот со вкупно 18 поеи, два скока и две асистенции, клучна фигура во тимот од Санкт Петербург.
Зенит со овој триумф ја прекина мини-серијата од два порази во ВТБ-лигата. Тимот на Димитријевиќ моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со скор 10-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

