Димитријевиќ се врати по паузата, Валенсија победи против Промитеас

Ненад Димитријевиќ се врати во тимот на Валенсија по паузата поради зараза од коронавирус, во победата на неговиот тим на гостувањето во Грција кај Промитеас со 68-71. Со одлична игра во последната четвртина гостите од Шпанија успеаја да стигнат до важна победа во борбата за подобра позиција пред плеј-офот во второто по ранг европско натпреварување.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со учинок од 10 поени, пет асистенции и еден скок. Најефикасен во победничкиот табор беше Мајк Тоби со 22 поени, додека кај поразените се истакна Аргаванис кој заврши со ист број на поени како и словенечкиот репрезентативец.

 

 

 

Се вчитува...