Димитријевиќ скромен по историскиот меч: Сакав само да помогнам да победиме…

Ненад Димитријевиќ одигра меч за историја откако со 40 поени го предводеше Уникс до победа над ЦСКА, со која тимот од Казањ го освои првото место во пресрет на плејофот од ВТБ-лигата.

Македонскиот репрезентативец беше незапирлив на теренот, но остана максимално скромен по својот најдобар меч во кариерата.

„Се што сакав е тимот да победи, јас да помогнам тоа да се случи. Имавме три порази во низа претходно и ни требаше една победа за со позитивна атмосфера да го дочекаме плејофот“, изјави Димитријевиќ по натпреварот.

Со овој триумф, Уникс за првпат во клупската историја ќе влезе како прв носител во плејофот од ВТБ-лигата.

„Ова беше многу голема победа, цела сезона се боревме за да дојдеме до ова, да бидеме први. Пресреќен сум што сум дел од клупската историја на Уникс, верувам дека со она што го прикажавме го заслуживме првото место. Сепак, во плејофот почнуваме се од почеток“, истакна најдобриот македонски репрезентативец.

Се вчитува...