Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше повеќе од квалитетна партија за минутажата која ја доби на дуелот против Барселона во 15. коло од АЦБ-лигата.
Хувентуд загуби со 88-74 на гостувањето против Барса, а Димитријевиќ за 13 минути на паркетот постигна 10 поени, дополнети и со еден скок.
За Хувентуд ова беше петти пораз сезонава, а Барселона дојде и до дванаесетата победа со која се израмни со Тенерифе на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА