Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс се блиску до пласман во полуфиналето на плеј-офот откако и во вториот натпревар го совладаа тимот на Самара со 77-64 и поведоа со 2-0 во серијата подобар од три.
Уникс рутински ја оствари победата, односно во ниту еден момент не ја доведе победата во прашање. Тимот од Казан имаше проблеми само во првиот период, кој заврши нерешено, но во втората четвртина замина на 10 поени разлика на полувреме, за да ја потврди во третиот период.
Македонскиот кошаркар ја заврши средбата со 11 поени и седум асистенции и шест скокови. Меѓутоа во финишот го немаше во игра, со цел да се заштеди за следните предизвици. Пред мечот Димитријевиќ ја доби наградата за МВП на ВТБ лигата во Русија за сезоната 2023/24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА