Ненад Димитријевиќ и Уникс Казањ го продолжуваат победничкиот поход во ВТБ-лигата, каде македонскиот репрезентативец со својот тим рутински се пласираше во полуфиналето од ова натпреварување.
По двете победи на домашен терен, Димитријевиќ и соиграчите денеска и како гости славеа над составот на Самара (), за максимална победа од 3-0 во оваа четвртфинална серија. Уникс одлично го отвори мечот и во раната фаза стигна до двоцифрена предност, но Самара не се откажа и до крајот на полувремето успеа да се врати. Домаќините за момент дури и успеаја да поведат, но Димитријевиќ постигна тројка во важен момент, иницирајќи нова серија на големиот фаворит кој повторно успеа да се одлепи и на крајот да слави двоцифрена победа.
Македонскиот репрезентативец одигра уште еден одличен натпревар и со 15 поени и 7 асистенции беше меѓу најзаслужните за победата, а најефикасни во таборот на Уникс беа Лабери и Рејнолдс со по 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА