Димитријевиќ солиден, Уникс поразен во првиот меч од финалето против Локомотив

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го загубија првиот натпревар во финалната серија од руската ВТБ лига, откако на домашен терен загубија од Локомотив Кубан со 76-85.

Откако во првата четвртина се играше во егал, гостите направија плус шест во вториот период кој беше доволен за на пауза да заминат со предност од (37-42). Клучна во мечот беше последната четвртина која Локомотив ја одигра на високо ниво и на крајот успеа да стигне до брејк во Казањ.

Македонскиот репрезентативец повторно беше еден од најдобрите во својот тим завршувајќи го мечот со 13 поени, надополнети со три скока и пет асистенции.

Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник и исто така ќе се игра во Казањ.

Се вчитува...