Младинскиот македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно доби минутажа во првиот тим на Хувентуд, при поразот на неговиот тим на гостувањето против Тенерифе од 89-75. По израмнетото прво полувреме, пресудна се покажа третата четвртина што домашниот тим ја доби со 26-17 и си го трасираше патот до победата.
Димитријевиќ одигра десет минути од оваа средба, период во кој реализираше пет поени (1/3 за два поени, 3/4 од линијата за слободни фрлања), а зад неговото име останаа запишани и три асистенции.
Хувентуд со овој пораз падна на 15. место на табелата, додека Тенерифе останува најпријатно изненадување во Ендеса лигата, задржувајќи се на втората позиција, зад лидерот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА