Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ стигна до првата победа со Уникс Казањ откако во ВТБ Суперкупот славеше над Мега со 78-69.
Македонскиот интернационалец имаше солидно издание, а натпреварот го заврши со девет поени, седум скока и пет асистенции. Уникс во Суперкупот ќе игра за третото место, а својот противник ќе го дознае вечерва.
За потсетување Димитријевиќ летово премина во рускиот клуб откако минатата сезона ја помина во редовите на шпанска Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА