Димитријевиќ: Целиме на две победи во Талин и пласман на турнирот во Полска

Македонската машка кошаркарска репрезентација на средината на месец август ја очекуваат натпреварите против Естонија, Чешка и Израел во претквалификациите за Летните олимписки игри во Париз.

Селекторот Јончевски за овие натпревари ќе може да смета на Ненад Димитријевиќ кој се враќа меѓу репрезентативците по пропуштените два прозорци во претквалификации за Евробаскетот 2025 поради клупските обврски.

„Ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите. Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува“, вели Димитријевиќ.

Македонија во подготвителниот период ќе одигра и пријателски натпревари против Полска во Белград на кои Димитријевиќ гледа како добра шанса за воигрување за предизвикот кој претстои.

„Натпреварите со Полска се предвидени токму за тоа, да се подготвиме за тоа што следува, за турнирот во Талин. И се надевам дека ќе бидеме подготвени за оној прв натпревар таму во Естонија“ – дополнува Димитријевиќ.

Се вчитува...