Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, е подготвен за деби во дресот на Баерн Минхен, и тоа во рамките од Евролигата, во домашниот натпревар што баварскиот гигант вечерва ќе го игра против Басконија.
Македонецот пред само два дена потпиша за Баерн, доаѓајќи на позајмица од Зенит до крајот на сезонава, а последниот тренинг беше сосем доволен за Димитријевиќ да го убеди тренерот Светислав Пешиќ дека е подготвен да дебитира за „црвено-белите“ од Минхен.
Вчерашните најави говореа дека Пешиќ неколку часа пред мечот ќе пресече околу тоа дали македонскиот плејмејкер ќе биде во составот против Басконија, сега веќе е јасно дека одговорот на тоа прашање е позитивен, а Димитријевиќ ќе биде во тимот вечерва.
Нено имаше зад себе разочарувачка сезона во Олимпија Милано во 2024/25, што секако ќе биде само мотив плус за него како член на Баерн да докаже дека поседува квалитет за да игра на високо ниво и во Евролигата, откако претходно во дресот на Уникс стигна до МВП признание во регионалната ВТБ-лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

