Ненад Димитријевиќ продолжи со одличните изданија во дресот на Уникс Казањ, по што македонскиот репрезентативец заслужено се најде во идеалниот тим на ВТБ-лигата за изминатата седмица.
Идеалниот тим се избираше за периодот од 16 до 22 октомври, во кој Димитријевиќ имаше извонредни 14 асистенции во убедливиот триумф над Урал, а потоа и 14 поени и шест асистенции во поразот од Самара, прв за Уникс сезонава.
Димитријевиќ дефинитивно продолжува со одличните игри за овој тим, откако минатата сезона токму Македонецот беше најзаслужен што Уникс стигна до првата историска титула во ВТБ-лигата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА