Димитријевиќ: Жалам што не се пласиравме на Евробаскет, системот на ФИБА не е фер

Ненад Димитријевиќ не го крие разочарувањето што со македонската репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Евробаскет 2025.

Според него, повредите на важни играчи оставија трага врз нашата игра, а Димитријевиќ го критикуваше и системот за натпреварување на ФИБА, ако се знае дека ние бевме во група со Полска, која како ко-домаќин имаше обезбедено билет за ЕП и без посебна мотивација ги играше своите натпревари.

„Сите толку многу сакавме да обезбедиме пласман на европското првенство, но за жал не успеавме. Немавме доволно среќа, не ни се поклопија одредени работи. Да не ме фатеа грчеви на првиот меч со Естонија, можеби се ќе беше поинаку бидејќи веќе на вториот меч, на гостувањето во Полска одигравме фантастично и покажавме дека можеме да се носиме со сите. Имавме и пехови, повредите на Хап и на Вајли кои имаат македонски пасош. Ни се приклучи Ти-Џеј Шортс кој е фантастичен играч, но мислам дека центарската позиција повеќе ни недостигаше за успех. Дадовме се од себе, жалиме што не се пласиравме, но системот на ФИБА не е фер, кога играш квалификации со домаќини кои веќе се пласирани. Од истата причина на Евробаскет не отиде ниту Хрватска, која беше во група со Кипар. Навистина не е фер“, истакна Димитријевиќ во разговор за хрватски „Спорт Клуб“.

Се вчитува...