Димитриоски и Мисовски ќе му бидат помошници на Брестовац во Металург

Оливер Димитриовски и Петар Мисовски, кој ќе работи со голманите, ќе му бидат помошници на новиот тренер на Металург, Данило Брестовац. Димитриоски е повратник во Металург по половина сезона мината во РК Прилеп, а Мисовски беше и во претходниот состав на стручниот штаб.

Македонскиот ракометен вицепрвак, подготовките за претстојната сезона ќе ги почне на 6. август. Тимот на Брестовац по почетната подготвителна фаза во Маврово, на 18. август ќе го одигра дуелот против Вардар во Суперкупот кој ќе биде дел од традиционалниот турнир во Струга.

Потоа Металург ќе тренира во базата во Автокоманда во очекување на почетокот на новата сезона во која екипата ќе се бори повторно на два фронта, Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Поради меѓународните обврски, Металург во домашното првенство се приклучува во втората фаза од сезоната.

Првиот официјален дуел за Металург би требало да биде пресметката со Вардар во почетното коло од СЕХА лигата. Според ланската шема, екипите од иста држава играат меѓусебе на почетокот од сезоната.

 

 

 

 

Се вчитува...