Ракометарите на Металург по патешествието во Полска утре го очекува нов натпревар во Лигата на Европа на домашен терен против рускиот Чеховски Медведи. И покрај слабите настапи во натпреварувањето, тренерот на „металурзите“, Оливер Димитриоски вели дека главна цел на тимот од Автокоманда е создавање на ракометари кои во следниот период ќе добиваат се поголема минутажа во тимот.
„Имавме две гостувања и не сакам да се повторувам во изјавите, приоритет ни е создавањето на нови играчи. Веќе имаме двајца нови потенцијални играчи кои треба да си ја добиваат својата шанса на првенствените натпревари. Од натпреварите во Плоцк можам да кажам дека сум делумно задоволен. Задоволен сум поради искуството кое го собраа ракометарите, сепак, за некои ракометари ова е големо да се игра против такви екипи и не може да им се замери за поразите. Имавме само 12 часа за одмор по враќањето од Полска, поради одложеното враќање. Направивме анализа и ќе нагласам, резултатот не ни е приоритет. Ако ние успееме да ги добиеме овие играчи, дај Боже, во иднина да станат и репрезентативци, тогаш ние сме добиле многу. Не како Металург, туку како македонски ракомет. Очекувам борба, да бидат играчите уште послободни во играта и сето тоа што го знаат, да го покажат на терен. Од играчите, не се уште подготвени Хорват, Лазаревски и Тодевски, а ќе се вратат Тарабокија и Шилегов, кој има срце планина и кажа дека сака да помогне, иако има повреда која уште ја влече“, изјави Димитриоски.
Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се игра утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА