Димитриоски се збогуваше од Валјадолид

Македонскиот ракометен интернационалец Димитар Димитриоски летово ќе ги промени клупските бои, откако самиот објави дека во следната сезона нема да го носи дресот на Валјадолид.

Крилниот ракометар веќе три сезони со успех настапува за овој шпански прволигаш, но Димитриоски денеска со објава на официјалниот фејсбук профил обелодени дека следните месеци ќе му бидат последните како член на овој клуб.

„Од првиот ден овде се чувствував како дома, од првиот ден сите се боревме како големо семејство. Валјадолид ми даде толку многу во мојата кариера и сакам само да кажам – Ви благодарам на сите. Сега, по три години, дојде време за разделба, но ова не е порака за збогување, ќе се видиме наскоро повторно. Еднаш син гладијатор, засекогаш син гладијатор“, напиша Димитриоски.

Се вчитува...