Димитар Димитриоски е награден за одличното издание на дуелот со Пуерто Сагунто откако македонскиот ракометар беше избран во идеалниот тим на второто коло од шпанската АСОБАЛ-лига.
Поранешниот ракометар на Металург и Вардар одигра перфектен меч постигнувајќи шест погодоци од исто толку обиди, за што беше избран за најдобро лево крило изминатиот викенд во елитното шпанско ракометно друштво.
Валјадолид има две победи по првите две рунди во АСОБАЛ, а меѓу најзаслужните за ваквиот ефект е токму Димитар Димитриоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА