Димитрис Итудис предложи револуција во кошарката

Селекторот на грчката кошаркарска репрезетнација и воедно новиот тренер на Фенербахче, Димитрис Итудис предложи револуција во кошарката. Тој вели дека ФИБА треба да го промени првилото и да наместо дозволените 12, списокот на кошаркари за едно големо натпреварување да биде зголемен на 14.

Тоа произлегува од „модерната ера“ во која бројот на натпревари во една календарска година постојано се зголемува, а присутен е и коронавирусот.

„Важно е да се промени правилото и да се овозможи репрезентациите со себе да имаат 14 играчи. Се наоѓаме во ера кога се присутни вируси, голема конкурентност во различни натпреварувања, а и има и повреди и замор. Неправедно е еден играч во екипа да се повреди и да остане тимот со единаесет играчи“

„ФИБА направи еволуција во спортот на Ф4 турнирот во Солун во 2000 година кога наместо дотогашните 10 играчи го зголеми бројот на 12, а мислам дека сега е вистинскиот момент да имаме 14 кошаркари на располагање. Верувам дека ова што го говорам има аргументи“, вели Итудис.

Се вчитува...