Бугарскиот тенисер Григор Димитров на неславен начин е елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Алекс де Минор беше подобар од 18. тенисер во светот, што само по себе не е изненадување, но изненадување е тоа што Австралиецот победи за само 45 минути со резултат 6-0 и 6-0.
Вреди да се напомене дека дури и кралот на земјата Рафаел Надал никогаш не победил никого во Монте Карло со „нула“.
Тоа е негова трета последователна победа над Бугаринот и прво полуфинале на земја во кое ќе се сретне против подобриот од мечот меѓу Цицпас и Музети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА