Димитров е прв полуфиналист на мастерсот во Париз

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е првиот полуфиналист на последниот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната кој се игра во „Берси арената“ во Париз.

Бугаринот до полуфиналето стигна откако во првиот четврфинален дуел славеше над Полјакот, Хуберт Хуркач со 2-1, по сетови 6-1, 4-6 и 6-4.

Во полуфиналето Димитров ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Гркот, Стефанос Циципас и Русинот Карен Хачанов.

Се вчитува...