Димитров го елиминираше Рубљов од УС Опен, крај и за Руд

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во 1/4 финалето на УС Опен, откако го елиминираше рускиот тенисер Андреј Рубљов после голема драма и многу пресврти.

Димитров водеше со 2-0, но Рубљов успеа да стигне до 2-2, но немаше сили за пресврт. Така Бугаринот со 6-3 го доби последниот сет за победа.

Каспер Руд е елиминиран од Грен Слемот во САД, токако загуби од домашниот тенисер Тејлор Фриц со 3-1. Норвежанецот одлично го почна мечот и поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6-4. Сепак, Фриц заигра поангажирано и со 6-4, 6-3 и 6-2 во следните три сета успеа да направи пресврт за конечна победа.

Се вчитува...