Петкратниот осовјувач на титула на „Флешинг Медоуз“, Роџер Федерер е надвор од последниот годинашен тениски грен-слем откако претрпе четвртфинален пораз од Григор Димитров. Бугрскиот тенисер го доби трилерот од пет сета за три часа и ова му е прва победа во пресметките со Швајцарецот по седум претходни дуели.
Федерер во подоцнежната фаза од мечот побара медицински третман за повредата на грбот што секако му го олесни патот до победата на Димитров. Тој во полуфиналето ќе се соочи со Данил Медеведев, а неговата победа над Федерер значи дека во финалето в недела ќе има барем еден дебитант во битките за титулата на грен-слем турнирите.
За Федерер ова е втора последовна година да биде елиминиран од играч кој е надвот од топ 50 на АТП листата на УС Опен,. Миатата година во шеснаестинафиналето загуби од Џон Милман. Григор Димитров во моментов е 78 на АТП ракингот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА