Бугарскиот тенисер Григор Димитров одново имаше пофални зборови за неговиот српски колега Новак Ѓоковиќ. Двата балкански тенисери важат за добри пријатели и ова не прв пат да говорат еден за друг во суперлатив.
Бугаринот по победата во второто коло на мастерсот Индијан Велс говореше за дисциплина и не можеше да не го спомене Новак Ѓоковиќ.
„Новак е сигурно најдисциплираниот, не знам друг кој е таков. Тоа е голема важност во тенисот. Мора да знаеш кога ќе јадеш, како ќе спиеш, како да се подготвуваш. Многу е важно да го направиш тоа на вистинскиот начин. Јас слично многу сум разочаран кога не можам да се доведам себе си во најдобрата можна ситуација за меч“, изјави Димитров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

