Директорот на РК Пелистер, Златко Димитровски, денеска си поднесе оставка од својата функција, преземајќи ја одговорноста за променливите игри и резултати на битолскиот суперлигаш во рамките од плејофот. Навивачите и дел од управата беше незадоволна од најновиот пораз од Металург, што значеше и губење на шансите за третото место на табелата, по што Димитровски реши самиот да си замине од раководењето со клубот.
И покрај најавите дека од Битола ќе си замине и тренерот Јошко Петковиќ, „пелистерци“ вечерва објавија дека српскиот стратег ќе остане да го води тимот на следниот меч против Бутел, по што се очекува тој да го следи примерот на Димитровски, а на негово место да биде именуван стратег што ќе го води тимот до крајот на оваа и во наредната натпреварувачка сезона.
Пелистер пo првите пет натпревари од плејофот има скор од една победа и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА