Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Владимир Димитровски потпиша договор со грузискиот клуб Телави. Тој по пауза од шест месеци повторно му се враќа на фудбалот и ќе игра во далечната Грузија.
Тој последно настапуваше во Работнички, а пред тоа имаше интернационална кариера во Грција, во Докса и во Керкира. За македонскиот национален тим има одиграно четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

