Ракометарот на Пролет, Томислав Димковски, мина успешно операција на рамото по повредата заработена на еден од претходните натпревари на својот тим.
Младинскиот репрезентативец имаше успешни настапи за скопскиот суперлигаш, а повредата ќе го оддалечи од терените во следните два до три месеци.
„Нашиот ракометар Томислав Димковски беше успешно опериран по повредата што ја заработи на еден од последните натпревари во оваа календарска година. Повредата на рамото беше од посериозен карактер, па мораше да биде извршен хируршки зафат што успешно беше реализиран во клиника во Софија. Димковски се чувствува добро по операцијата, а неговиот камбек на терените го очекуваме за најмалку два месеца. Ракометниот клуб Тинекс Пролет му посакува брза и успешна рехабилитација на Димковски, се гледаме на терен во 2025 година“, се вели во соопштението на РК Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА