Македонската репрезентација и тоа како има свое ново младо име на кое повеќе од сериозно ќе може да смета во иднина – Бојан Димоски.
21-годишниот десен бек на руски Акрон беспрекорно одигра 30 минути на дуелот со Италијанците веднаш демонстрирајќи ја стабилноста по десната страна, со повеќе од сериозни и дефанзивни и офанзивни карактеристики.
Ашковски одлично ја заврши својата задача на десната страна во првиот час, а Димоски потоа и како внесе вистинска свежина во играта потврдувајќи зошто веќе една година во континуитет е дел од најдобрата селекција.
Деби какво што можеа да посакаат имаше и за фудбалерот на дански Хвидовре, 25-годишниот Ахмед Иљазовски како и фудбалерот од средниот ред на романски Сепси, Исник Алими.
Алими одигра 15 минути во среднот ред очигледно пренесувајќи впечаток како да е подолго време со националниот тим иако со овие момци мина само три дена. Јасно е дека на него, и по извонредните настапи за Сепси ова лето во Лигата на Европа на УЕФА, и тоа како треба да се смета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА