Ракометниот спектакл во СЦ „Борис Трајковски“ на легендите и сегашната репрезентација на Македонија заврши со победа на „младоста“, но истата остана во втор план покрај хуманитарниот карактер посветен за децата од СОС Детското село.
По мечот на публиката што ја преполни скопската арена и се заблагодари легендарниот Ванчо Димовски кој замоли и за аплауз за прерано починатиот Андон Бошковски.
„Ви благодариме вечерва што дојдовте во толкав број ги поздравите прво младите на кои им е потребна поддршка за престојното Светско првенство. Ние како екипа и сите присутни тука мораме да поздравиме и споменеме уште еден член кој беше неизбежен во стручниот штаб во сите тие години и за жал повеќе не е покрај нас. Се надевам дека не гледа некаде од горе. Еден аплауз за Андон Бошковски“, вели Димовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

