Серијата на победи на Динамо Загреб во храватското првенство се искачи на шест во низа откако „модрите“ денеска славеа со преубедливи 8-0 против „фенерџијата“ Хрватски Драговољац во 11. коло.
Голеадата ја започна Мисиќ во 22. минута од мечот, а до полувремето стрелаше и Менало за 2-0. Иванушец донесе 3-0 во 51. минута од мечот, Спикиќ стрелаше во 59. минута, Менало во 65. минута, четири минути подоцна на лисата на стрелци се запиша и Андриќ. Булат во 82. минута донесе 7-0, а конечниот резултат го постави Толиќ во четвртата минута од судиското продолжение.
На денешниот меч македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Арјан Адеми беа поштедени од настап откако одиграа 90, односно 64. минута во дуелот од Лига Европа против Генк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА