Динамо Букурешт испадна, Мирко Ивановски има понуди од прволигашки клубови

Мирко Ивановски е пред заминување од Динамо Букурешт, откако тимот не избори опстанок во Првата лига во Романија. Ивановски е еден од најплатените играчи во екипата, и веќе има понуди за неговите услуги.

Ивановски изразил желба да остане, меѓутоа Динамо ќе мора да се откаже од одредени играчи пред се поради финансиските трошоци.

За македонскиот напаѓач има понуди од четири прволигашки екипи. Станува збор за тимот на Миовени, и новите прволигаши Петролул, Херманштад и У. Клуж.

Тој во Динамо е од 2021 година, а во Романија играше уште за Клуж и Астра. Во минатото беше дел од Диосѓер, Хајдук, Славен Белупо, Болуспор, Видеотон, Арка, Славија, а во Македонија играше за Пелистер и Македонија ЃП.

Се вчитува...