Играчот од средниот ред Решат Рамадани, би можел да се пресели во редовите на Динамо Букурешт. Романските медиуми јавуваат дека Динамо е подготвен со сума од 500.000 евра да го добијат потписот на македонскиот репрезентативец.
Рамадани во моментов настапува во Шкендија, каде што е продолжена позајмицата од Динамо Киев на уште шест месеци, до крајот на сезоната, а потоа би можел да следува трансфер во Романија.
Динамо Киев ќе има и 20% од трансферот, но согласно најавите, украинскиот клуб нема така лесно да се откаже од услугите на Македонецот, и бара повеќе пари, односно околу 1 милион за неговите услуги.
Рамадани сезонава ја мина како позајмен во тетовскиот тим, и беше еден од најзаслужните за успешната сезона на Шкендија во Европа, која испиша историја со обезбедување европска пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

