Германскиот ракометен гигант само го потврди учеството во четвртфиналето од Лигата на шампионите вечерва на домашен терен против Динамо Букурешт (31-32), откако на првиот натпревар одигран во Романија минатата недела беше се јасно по убедливата победа на Германците од (28-41).
Никлас Екберг со девет гола беше најефикасен во таборот на Кил, додека кај Романците Анте Кудуз постигна пет гола.
Германскиот гигант во четвртфиналето за противник ќе го има францускиот шампион Пари Сен Жермен кој на клупата е предводен од поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез.
Во вториот натпревар од денешната понуда Нант на домашен терен ќе ја пречека Висла Плоцк. Првиот натпревар одигран пред седум дена во Полска заврши без победник 32-32. Во преостанатите два натпревари од оваа рунда кои ќе се играат утре се среќаваат: Веспрем – Пик Сегед и Гог Алборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА