Динамо Загреб уште еднаш покажува дека е убедливо најдобро организиран клуб на балканските простори, кој секоја година обезбедува огромна добивка од продажба на своите фудбалери. Доказ за тоа е и случајот со 18-годишниот Јошко Гвардиол, кој има одиграно само 13 натпревари за првиот тим на Динамо, но сега би можел да си замине од „Максимир“ во трансфер вреден 20 милиони евра.
Новиот премиерлигаш Лидс е сериозно заинтересиран за младиот Хрват, клубот на Алиоски има пари за трошење по влезот во елитното друштво, а Биелса бара дел од нив да се инвестираат во хрватскиот дефанзивец. Гвардиол има само 18 години и прашање е дали веднаш би можел да се наметне во силна лига како англиската, но Биелса е тренер што не стравува да фрли млади таленти во оган.
Воедно, трансферот уште повеќе би ја наполнил касата на Динамо Загреб, откако хрватскиот првак во изминатиот месец ги продаде и Никола Моро во Динамо Москва, Дамјан Кадзиор во Еибар и Адријан Семпер во Киево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА