Феноменална партија на Динамо Загреб и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои низ продолженија ќе бркаат пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа. На реванш дуелот во Загреб, Динамо го „меле“ Тотенхем на Жозе Мурињо анулирајќи ја предноста на Англичаните од првиот меч од 0-2.
Регуларниот дел од натпреварот на „Максимир“ заврши сега со 2-0 за Динамо Загреб па продолженијата ќе одлучуваат околу патникот во следната рунда. Оршиќ е херојот на Динамо со извонредните голови во 62. и во 83. минута.
Арсенал се пласираше во четвртфиналето и покрај поразот во Лондон од Олимпијакос со 0-1, благодарение на победата на првиот меч во Атина.
Молде ја победи Гранада со 2-1, но тоа беше недоволно по победата на Шпанците на првиот дуел од 2-0.
Рома, пак, по првиот триумф од 3-0 во Рим славеше и денеска на гостувањето против Шахтјор Доњецк со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА