Динамо Загреб за кој настапуваат македонските интернационалци Стефан Ристовски и Арјан Адеми го претстави третиот дрес кој е во златна боја инспириран од успехот на генерацијата кој во 1982 година направи успех освојувајќи го југословенското првенство.
На 40-годишнината од јубилејот во дресот позираше и легендарниот Марко Млинариќ, носителот на генерацијата, како и неговиот наследник Мартин Батурина. „Модрите“ златниот дрес ќе го носат на натпреварот од 16. коло во кој на „Максимир“ ќе го пречекаат Шибеник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА